• сабота, 16 ноември 2024

Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители утре треба да именува нов директор

Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители утре треба да именува нов директор

Скопје, 9 октомври 2024 (МИА) - Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ утре треба да именува нов директор на Академијата.

Именувањето на нов директор е втора точка на  дневен ред на 221. седница на Управниот одбор на Академијата закажана за утре во 15 часот.

Јавниот оглас за избор на директор на Академијата беше објавен на 26 август годинава, откако поранешната директорка, Наташа Габер-Дамјановска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата кон средината на јули.

По истекот на рок за пријавување од 15 дена сметано од денот на негово објавување во Службен весник, на огласот се пријавиле вкупно петмина судии и двајца обвинители.

На огласот, како што претходно објавија дел од медиумите, се пријавиле двајца судии од Основниот кривичен суд во Скопје, Ненад Савески и Оља Ристова, судијата Андреј Димовски од Граѓанскиот суд, судијката Едита Насковска од Управниот суд, како и актуелниот заменик-директор на Академијата, Илир Исени, чија судиска функција е во мирување. Од редовите на обвинителите пријавени се Спасенка Андонова од Основното јавно обвинителство Скопје и Ирина Трајкоска-Стрезоски од Вишото јавно обвинителство Битола. аа/ац/

Фото: МИА архива

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан