• понеделник, 18 ноември 2024

Управа за финансиска полиција: Дадената изјава воопшто не се однесува на сегашни случувања кај банките

Управа за финансиска полиција: Дадената изјава воопшто не се однесува на сегашни случувања кај банките
Скопје, 23 декември 2020 -  Во врска со дадените Изјави од страна на Директорот на Управата за финансиска полиција при гостувањето во емисијата на ТВ 24, на ден 22.12.2020 година, кои се однесуваа на водење на преистражни постапки кон други банки за начинот на нивно постапување во врска со издадени кредити го даваме следното појаснување: Дадената изјава воопшто не се однесува на сегашни случувања кај банките, односно не упатува на тековни наоди на Управата за финансиска полиција за вакви активности кај банките. Изјавата се однесува на преземени дејствија од страна на банки кои како такви се имаат случено во период од 2007 до 2012 година. Оттаму, изјавата  воопшто не имплицира дека во овој момент се преземени нови дејствија за нови случаи. За наведените дејствија Управата за финансиска полиција во 2018 година има поднесено и Известување до Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Токму во таа насока е дадената Изјава, дека постојат и слични, но не и исти случаи на постапување од страна на други банки, кои од страна на Управата се процесираат без оглед во кој период се имаат случено. Управа за финансиска полиција __________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан