• сабота, 06 јули 2024

Упамекано за интересот на Барса и Баерн: Ќе зборувам со моите родители

Упамекано за интересот на Барса и Баерн: Ќе зборувам со моите родители
Лајпциг, 18 февруари 2020 (МИА) - Играчот од средниот ред на РB Лајпциг, Дајо Упамекано, јавно призна дека има понуди од други клубови. За 21-годишниот Французин се знае дека е голема трансфер цел на Барселона и Баерн Минхен. Арсенал истопројавува интерес, но „топџиите“ тешко дека ќе може да ги победи Каталонците и Баварците за неговиот потпис. - Да, точно е. Постојат клубови кои ме сакаат во своите редови. Ќе разговарам со моите агенти и моите родители на крајот на сезоната. И ние ќе донесеме правилна одлука, рече Упамекано, цитиран од „РМЦ Спорт“. Договорот на дефанзивецот со „биковите“ е до 30 јуни 2021 година и во него има откупна клаузула. Износот во него во него е 60 милиони евра.

Остани поврзан