• недела, 22 декември 2024

УНХЦР предвидуваат сурова зима во Украина поради повеќекратните руски напади врз електрани

УНХЦР предвидуваат сурова зима во Украина поради повеќекратните руски напади врз електрани

Киев, 20 јули 2024 (МИА) - Луѓето во Украина ќе се соочат со тешка зима поради енергетската криза предизвикана од руските напади и им е потребна дополнителна помош за да ги преживеат студените месеци, предупреди Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), цитиран од ДПА.

„Енергија, енергија, енергија. Никогаш никаде не сум видел такво едногласност. Тие се навистина загрижени за овој проблем“, рече висисокиот комесар за бегалци на ОН, Филипо Гранди за ДПА, опишувајќи го својот впечаток од разговорите со украинските власти.

Според него, властите се многу загрижени за ситуацијата. Тој истакна дека обичните луѓе, особено во источниот украински град Харков, веќе стравуваат дека ќе останат без греење во зима.

„Неопходно е да продолжиме да ги поддржуваме“, рече Гранди.

По разорните руски ракетни напади врз украинските електрани, Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации забележа благ пораст на бројот на бегалци во последните два до три месеци.

„Тие се загрижени дека ќе мора да се соочат со зимата - или дури и оваа многу жешка сезона, без струја“, рече високиот комесар. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан