Уништен ракетен систем на азербејџанските вооружени сили
- Вооружените сили на Нагорно Карабах го уништија системот на тешки ракетни лансери од типот ТОС-1А на азербејџанските вооружени сили кои носат запаливи аеросолни боеви глави, соопшти денеска п
![Уништен ракетен систем на азербејџанските вооружени сили](https://new.mia.mk/images/20221104212631_big_730x400_66.webp )
Ереван, 30 септември 2020 (МИА) - Вооружените сили на Нагорно Карабах го уништија системот на тешки ракетни лансери од типот ТОС-1А на азербејџанските вооружени сили кои носат запаливи аеросолни боеви глави, соопшти денеска претставничката на ерменското Министерство за одбрана, Шушана Степанијан.
- Во тек се тешки борби и локалните единици на Нагорно Карабах возвраќаат во смисла на позиции на напад. Голем број непријателски војници се убиени и уништено е оружје, вклучително и систем на тешки ракетни лансери од типот „ТОС-1А на азербејџанските вооружени сили кои носат запаливи аеросолни боеви глави“, рече Степанијан. паг/