• среда, 25 декември 2024

Унгарија нема да го поддржи реизборот на Фон дер Лајен, тврди унгарски министер 

Унгарија нема да го поддржи реизборот на Фон дер Лајен, тврди унгарски министер 

Брисел, 17 јуни 2024 (МИА) - За Унгарија се прифатлива сите кандидати за врвните позиции во ЕУ, освен Урсула фон дер Лајен и затоа нема да го поддржи нејзиниот реизбор за претседателка на Европската комисија, изјави унгарскиот министер за ЕУ, Јанош Бока. 

- Односот меѓу претседателката на Комисијата и Унгарија како земја членка беше помалку од идеален. Поради овие причини, ќе ни биде многу тешко да ја поддржиме за втор мандат, изјави Бока за интервју за „Полтико“. 

Според него, останатите кандидати за врвните функции - Португалецот Антонио Кошта за претседател на Европскиот совет, Малтежанката Роберта Мецола за претседателка на Европскиот парламент и Естонката Каја Калас за висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност – се прифатливи за Унгарија. 

Тој уште изјави дека унгарската владејачка партија Фидес се уште не решила кон која десничарската групација ќе се придружи во Европарламентот и покрај вчерашната средба на лидерот на партијата и унгарски премиер Виктор Орбан со неговата италијанска колешка и лидерка на групата Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР). 

- Изборите во ЕУ покажаа дека има потреба од нова политичка десница, која е подесно од Европската народна партија (ЕПП), изјави Бока. 

Според него, потребно е преструктуирање на десницата во Европскиот парламент со што таа би станала посилна.

- Фидес отсекогаш бил еден од половите во овој политички спектар и многу е тешко да се замисли ова преструктуирање на десницата без Фидес, додаде Бока. сп/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан