• недела, 22 декември 2024

Украински гувернер: Најмалку 12 загинати во руското гранатирање на Северодоњецк

Украински гувернер: Најмалку 12 загинати во руското гранатирање на Северодоњецк
Киев, 19 мај 2022 (МИА) - Најмалку 12 лица загинаа, а 40 се ранети во денешното руско гранатирање на градот Северодоњецк во источна Украина, кој е речиси опколен од руските сили, соопшти регионалната влада. „Русите изутрината почнаа да пукаат со тешко оружје кон регионалниот центар, а гранатирањето продолжува“, напиша Сергеј Гајдар на Телеграм. Тој рече дека на мета најмногу се станбени згради и дека билансот може да биде поголем, бидејќи засега е невозможно да се испитаат погодените зони. Градоначалникот на Северодоњецк, Олександр Стрјук, на 6 мај изјави дека неговиот град е „речиси опколен“ од руски војници и проруски сепаратисти од Донбас кои се обидуваат да ја преземат контролата врз целиот регион. Тој рече дека се останати уште околу 15.000 од 100.000 жители на градот пред војната. Северодоњецк, еден од неколкуте важни градови во регионот кои сè уште се во рацете на Украина, и соседниот град Лисичанк се на 80 километри источно од Краматорск, кој стана административен центар на украинскиот Донбас откако сепаратистите го окупираа источниот дел во 2014 година. ссм/

Остани поврзан