• петок, 22 ноември 2024

Украинските погранични власти привеле десетици мажи кои се обидувале да заминат од државата

Украинските погранични власти привеле десетици мажи кои се обидувале да заминат од државата

Киев, 14 јуни 2024 (МИА) - Украинските погранични власти денеска соопштија дека привеле десетици мажи кои се обидувале да заминат од државата по агресивната воена регрутација.

Киев минатиот месец воведе нова легислатива чија цел е да ги надополни армиските редови по повеќе од две години војна со Русија.

На Украинците на возраст меѓу 18 и 60 години им е забрането да ја напуштат земјата по руската инвазија.

Пограничните служби во јужниот регион Одеса, што граничи со Молдавија и Романија, соопштија дека откриле 41 украински државјанин од 12 региони кои се обидувале да побегнат со камион наменет за транспорт на жито.

„Против прекршителите се изготвени управни записници, а двајцата обвинети кои го организирале шверцот се соочуваат со кривична одговорност“, се вели во соопштението.

Во февруари, граничарите соопштија дека спречиле 38 Украинци илегално да се обидат да преминат во соседна Унгарија и дека „шверцерите“ извлекле помеѓу 4.500 и 8.500 долари од секое лице.

Граничната служба не соопшти дали мажите конкретно се обидувале да избегнат мобилизација.

Социјалните мрежи во последниве недели беа преплавени со аматерски снимки на кои се гледа како Украинци се извлекувани од улицата од страна на службениците за регрутирање. Незадоволството поради проширувањето на ангажманот за регрутирање е поттикнато од извештаите дека некои Украинци платиле мито за да избегнат да бидат повикани во воена служба.

Од почетокот на војната во февруари 2022 година, граничните власти соопштија дека откриле тела на 35 луѓе кои загинале обидувајќи се да ја преминат реката Тиса на границите на Украина со Унгарија и Романија. паг/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан