• петок, 22 ноември 2024

Украина и Западен Балкан дел од темите во телефонскиот разговор на Дендиас со надбискупот Галагер

Украина и Западен Балкан дел од темите во телефонскиот разговор на Дендиас со надбискупот Галагер

Атина, 15 март 2022 (МИА) - Министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас и неговиот колега од Ватикан, секретарот за односи со државите на Светата Столица, надбискуп Пол Ричард Галагер телефонски разговарале за ситуацијата во Украина и за случувњата на Западен Балкан, во пресрет на посетата на надбискупот Галагер на Босна и Херцеговина, соопшти Дендиас на „Твитер“, јави дописничката на МИА од Атина.

За време на разговорот, шефот на грчката дипломатија, како што напиша на „Твитер“, изразил благодарност до Ватикан за хуманитарната помош на организацијата Каритас за генералниот конзул на Грција во Мариупол, како и за активниот интерес за грчката дијаспора во Украина, а со надбискупот Галагер се согласиле да ја продолжат нивната честа комуникација и тесно да се координираат. ср/

Остани поврзан