Укинати рестрикциите на уличното осветлување во Општина Карпош
- Предлог-одлуката за прекин на рестрикциите на улично осветлување беше едногласно донесена вчера на 31-та седница на Советот на Општина Карпош. Советниците одлучија, како и секоја година, полуматурантите-првенци на генерација, да добијат парична награда за постигнатиот успех.
Скопје, 20 септември 2023 ( МИА) - Предлог-одлуката за прекин на рестрикциите на улично осветлување беше едногласно донесена вчера на 31-та седница на Советот на Општина Карпош. Советниците одлучија, како и секоја година, полуматурантите-првенци на генерација, да добијат парична награда за постигнатиот успех.
Како што информира Општина Карпош, на вчерашната седница е донесено одобрување средства за плаќање надомест за персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа, професионално заболување за невработени лица ангажирани како воспитувачи и негуватели, со лиценца во предучилишните установи на територија на Општина Карпош.
- Одобрување добија и предлог-решенијата за давање согласност на годишниот план за вработување за 2024 година на деветте основни општински училишта, ,,Аврам Писевски” , ,,Братство” , ,,Владо Тасевски” , ,,Војдан Чернодрински” , ,,Димо Хаџи Димов“ ,Јан Амос Коменски” , ,,Лазо Трповски” , ,,Петар Поп Арсов” , и ,,Христијан Тодоровски - Карпош”, како и предлог-решенијата за изменување и дополнување на јавните општински детски установи, градинките ,,Распеана младост” , ,,Орце Николов” , и ,,Пролет” , се вели во соопштението.
Едногласно беше прифатена донацијата од ОКИТЕКС ДОО извоз-увоз Скопје. Советниците дадоа зелено светло и за предлог-одлуката за одобрување финансиски средства за замена на азбестни покривни покривачи на индивидуален станбен објект во Општина Карпош. Советниците едногласно дадоа поддршка за одобрување финансиски средства за доделување финансиска поддршка за поправка и санација на постоечки лифтови и поставување нови на станбени згради за колективно домување во Општина Карпош.
На 31-ва седница беа поднесени неколку иницијативни кои допрва советниците треба целосно да ги разгледаат на следната седница, меѓу кои и иницијатива за поставување потпорен ѕид во село Бардовци. љм/лв/
Фото: Општина Карпош