• четврток, 19 декември 2024

Укинати забраните за движење на камиони на патните правци Гостивар-Стража-Кичево и Крива Паланка - ГП Деве Баир

Укинати забраните за движење на камиони на патните правци Гостивар-Стража-Кичево и Крива Паланка - ГП Деве Баир

Скопје, 26 ноември 2023 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива тековно и непречено во зимски услови по влажни коловози.

-Од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта информираат дека во 06:30 часот е укината забраната за тешки товарни возила за патниот правец Гостивар-Стража-Кичево, а во 08:00 часот и забраната за тешки товарни возила за патниот правец Крива Паланка - ГП Деве Баир, соопшти утрово директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта велат дека дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни, Воедно апелираат до возачите на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. дма/

Фото:МИА архива


 
 
 
 

Остани поврзан