• среда, 18 декември 2024

Укината забраната за летови од Велика Британија  

Укината забраната за летови од Велика Британија  
Скопје, 30 декември 2020 (МИА) - Владата на денешната 36-та седница донесе одлука за укинување на забраната за авионските летови од Велика Британија во земјава која важеше до крајот на 2020 година, како и задолжителната мерка за самоизолација на патниците што доаѓаа од оваа држава во рок 14 дена. Владата, по препорака на Комисијата за заразни болести, на 21 декември донесе одлука за забрана на авионски летови од Велика Британија до Северна Македонија. На средината на месецов здравствените власти на Велика Британија соопштија дека е откриена нова варијанта на коронавирусот, која многу брзо се шири. По оваа информација, многу европски држави го прекинаа сообраќајот со Велика Британија, а кај нас беше воведена забрана за авионски летови. ир/сп/

Остани поврзан