• среда, 08 јануари 2025

УЕФА може да воведе санкции за ПСЖ поради долг кон Мбапе

УЕФА може да воведе санкции за ПСЖ поради долг кон Мбапе

Париз, 7 јануари 2025 (МИА) - ПСЖ се соочува со санкции од УЕФА поради долг кон поранешниот напаѓач на тимот Килијан Мбапе, пренесува L'Equipe.

Според изворот, на 20 декември адвокатите на фудбалерот испратиле тужба до највисоката жалбена комисија на Француската фудбалска федерација со барање да се воведат санкции за парискиот клуб.

Според прописите на Европската фудбалска федерација, ПСЖ е должен до 15 јануари да достави информација за затворање на долгот. Во спротивно, клубот се соочува со санкции од УЕФА.

Претходно беше објавено дека ПСЖ му должи на Мбапе 55 милиони евра за неисплатени плати и бонуси.

Мбапе минатото лето го напушти ПСЖ како слободен играч и потпиша договор со Реал Мадрид. Напаѓачот играше за парискиот клуб од 2017 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан