Угостителски објект во Мала Речица работел по 23 часот, сопственикот лишен од слобода
- Сопственик на угостителски објект во тетовското село Мала Речица е лишен од слобода бидејќи објектот работел повеќе од дозволеното време за работа и во него биле затекнати поголем број гости.
Скопје, 24 октомври 2020 (МИА) - Сопственик на угостителски објект во тетовското село Мала Речица е лишен од слобода бидејќи објектот работел повеќе од дозволеното време за работа и во него биле затекнати поголем број гости.
- На 24 октомври 2020 околу 00:40 часот во село Мала Речица-Тетовско од полициски службеници од СВР Тетово бил лишен од слобода Ш.А.(48) од село Мала Речица затоа што неговиот угостителски објект работел повеќе од дозволеното време за работа и во него биле затекнати поголем број гости, се вели во билтенот на полицијата.
Се работи на расчистување на случајот. мс/ац/
фото МИА архива