• петок, 05 декември 2025

Убедлив пораз на Северна Македонија на гостувањето во Унгарија

Убедлив пораз на Северна Македонија на гостувањето во Унгарија

Солнок, 9.август 2025 (МИА) - Кошаркарската репрезентација на Северна Македонија загуби убедливо на гостувањето во Унгарија со 96:58. Резултат по четвртини: 19:18; 34:19; 17:14 и 26:7.

Резултатот беше неизвесен само во првиот период кога противникот имаше предност од еден поен 19:18. Но, потоа играта на македонскиот тим се распадна пред се во одбраната кога унгарските кошаркари постигнаа 34 поени. И во третиот период предноста беше зголемена, а во последната четвртина Македонија постигна само седум поени.

Најефикасни на натпреварот беа Марсело Понго кај Унгарија и Џејкоб Вајли кај Северна Македонија, двајцата постигнаа по 15 поени. 

По трите одиграни натпревари во групата Македонија има два пораза и е на третото место на табелата. Романија е прва со две победи, а Унгарија има победа и пораз.

Македонија следниот натпревар го игра на 13.август во Орадеа против Романија на гостински терен.  мн/

Фото: Кошаркарска федерација на Република Северна Македонија

Остани поврзан