• недела, 14 јули 2024

Уапсен маж кој е поврзан со напаѓачот од Ница

Уапсен маж кој е поврзан со напаѓачот од Ница
Париз, 30 октомври 2020 (МИА) - Маж на возраст од 47 години е уапсен денеска поради сомнеж дека бил поврзан со напаѓачот кој вчера уби тројца, а повреди неколку луѓе, во Ница, објави француската телевизија БФМ, повикувајќи се на полициски извори. Мажот е осомничен дека бил во контакт со напаѓачот еден ден пред нападот. Напаѓачот со потекло од Тунис, за кого е утврдено дека пристигнал во Франција пред неколку дена, вчера изврши убиство врз три лица, извикувајќи „Алаху акбар“. гт/ 

Остани поврзан