• сабота, 29 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Уапсени 14 опозициски демонстранти во Ереван

Уапсени 14 опозициски демонстранти во Ереван
Ереван, 22 април 2021 (МИА) - Четиринаесет лица беа приведени во полициските станици по одржаните протести во близина на зградата на Јавното обвинителство во Ереван, изјави портпаролот на ерменската полиција, Едгар Жанојан. За време на собирот во близина на зградата на Јавното обвинителство денеска избиле судири меѓу демонстрантите и полицијата. Опозициските демонстранти бараа ослободување на притворените жители од областа Сјуник, каде вчера се одржаа протести против посетата на премиерот на Ерменија, Никол Пашињан на регионот. гт/

Остани поврзан