• среда, 03 јули 2024

ТФТ со убедлив триумф го завери пласманот во втората фаза во БИБЛ лигата

ТФТ со убедлив триумф го завери пласманот во втората фаза во БИБЛ лигата
Скопје, 2 февруари 2021 (МИА) – Кошаркарите на ТФТ Скопје и се приклучија на екипата на Куманово во втората фаза на БИБЛ лигата, откако вечерва во решавачкиот натпревар од последното, десетто, коло триумфираа на домашен терен над црногорски Ибар со 91:75 (59:32). Победата го искачи македонскиот дебитант во регионалната кошаркарска лига на четвртото место од кое ја потисна екипата на Теодо поради подобра кош – разлика во меѓусебните дуели. ТФТ на гостувањето во Тиват загуби со 15 поени, а на домашен терен триумфираше над црногорската екипа со 18 кошеви разлика. Покрај двете македонски екипи, Куманово и ТФТ, и двата претставника од Бугарија, Академик и Берое, обезбедија пласман во втората фаза во која ќе им се приклучат израелските Хапоел Холон и Хапоел Галил. Шесте екипи ќе бидат поделени во две групи, а жрепката е закажана за в петок, во Софија. ег/оџ/

Остани поврзан