• среда, 04 февруари 2026

ТФТ го „чува“ првото место

ТФТ го „чува“ првото место

Скопје, 26.јануари 2026 (МИА) – Кошаркарите на ТФТ ја остварија 11.та победа во првенството откако во денешниот натпревар од 12.коло го совладаа гевгелиски Кожув со 96:83. По изедначеното прво полувреме кое заврши без водство 44:44, домашната екипа третиот период го доби со 34:23 што на крајот се покажа како решавачко за победникот.

Победничката серија од 17:4 ТФТ ја направи откако по 61:61 дојде до водство од 78:65.

Најефикасен на дуелот беше Родни Пурвис од Кожув со 29 поени, додека кај победничката екипа Стенли Дејвис реализираше 25 поени.

ТФТ е лидер на табелата со 23 бодови, пред МЗТ Скопје Аеродром со 22, додека Кожув е четврти со 19 бодови.

Последниот дуел од 12.коло од МТЕЛ Супер лигата се игра вечерва меѓу МКК Куманово и Чаир, односно тоа е натпревар што почна вчера, но поради лизгавиот под беше прекинат на самиот почеток. мн/

Фото: www.mkd.basketball

Остани поврзан