• петок, 05 декември 2025

ТФТ „брка“ трета победа во регионалната лига

ТФТ „брка“ трета победа во регионалната лига

Скопје, 4.ноември 2025 (МИА) – Екипата ТФТ попладнево го игра дуелот од 3.коло од АБА 2 лигата, а во Скопје гостува словенечката екипа Хелиос. По стартните две победи за екипата на ТФТ предизвик е да се продолжи со максималниот учинок. Сепак ритамот на натпревари предизвикува мали проблеми во тимот.

-  Дуелот со Хелиос ќе ни биде четврти во десет дена. Ова темпо на натпревари и заморот кај играчите наметнува пред се да останеме здрави и да избегнеме евентуални повреди. Хелиос е одлична екипа, која неколку сезони игра во АБА 2 лигата, млад состав, затоа мора да имаме сериозен пристап, контрола на скокот и дефанзивна транзиција, тоа се елементи за потенцијална победа и да продолжиме со серијата добри резултати, изјави тренерот на ТФТ Боро Смилковски.

Натпреварот ТФТ – Хелиос се игра во СРЦ „Кале“ со почеток во 18 часот.    мн/

Фото: МИА

Остани поврзан