• петок, 05 декември 2025

Туск: Полска нема да испрати војници во Украина

Туск: Полска нема да испрати војници во Украина

Париз, 4 септември 2025 (МИА) – Премиерот на Полска, Доналд Туск, по денешниот Самит на Коалицијата на подготвените, изјави дека Варшава не планира да испрати трупи во Украина.

- Веќе многу пати нагласив дека не предвидувам испраќање трупи во Украина, дури ни по завршување на војната, наведе Туск.

Тој потенцира дека е доволно тоа што Полска е најголем центар од каде што се организира помошта за Украина односно е одговорна за логистиката.

Претходно и италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека Рим нема да испрати војници во Украина за да го набљудуваат евентуалниот мировен договор со Русија.

Таа нагласи дека Италија е подготвена да го поддржи евентуалниот прекин на огнот преку иницијативи за набљудување и обука надвор од украинската територија. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан