• петок, 05 декември 2025

Турнир во баскет 3х3 во Кисела Вода, спортска приказна со хуманитарна цел

Турнир во баскет 3х3 во Кисела Вода, спортска приказна со хуманитарна цел

Скопје, 19 септември 2025 (МИА) - Хуманитарен турнир во баскет 3х3 ќе се одржи утре на кошаркарскиот терен „Парк Македонија“ во општина Кисела Вода. Турнирот е во организација на Future Athlete Agency, со поддршка на Општина Кисела Вода и Министерството за спорт.

Настанот ќе започне во 13 часот. Предвидено е на настапат 16 екипи, кои во нок аут систем ќе се борат за финалниот натпревар. Покрај натпреварите во 3х3 баскет, ќе има и шутирање „тројки“ и натпревар 1 на 1.

Целта на настапот, покрај промоцијата на 3х3 баскетот како спорт за млади, е и собирањето средства за настраданите во Кочани, како и помош за повредените. Секако тоа ќе биде и повик за одговорните компании да донираат за здружението Сапорт од Кочани.

„Овој ден ќе биде посветен на спортот, хуманост и забава, комбинација која секогаш обединува. Ова не е само, туку и можност да бидеш дел од нешто поголемо, спортска приказна со хуманитарна цел, каде што секоја победа значи повеќе од резултат“, наведуваат организаторите.

За најуспешните предвидени се награди, како и забавни моменти и целодневна програма за време на настанот.  

Се очекува наградите на најуспешните спортисти на турнирот да ги додели градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.  мн/дма/

Фото: Плакат

Остани поврзан