• понеделник, 16 декември 2024

Туристичката понуда на земјава презентирана на Меѓународниот саем во Истанбул

Туристичката понуда на земјава презентирана на Меѓународниот саем во Истанбул

Охрид, 10 октомври 2024 (МИА) – Македонската туристичка понуда е презентирана на Меѓународниот саем за туризам (ИТФ) што се одржува во Истанбул.

Претставници на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) на туристичката берза во Турција ќе ги промовираат туристичките содржини на земјава, како и можностите за зголемување на туристичкиот промет во државава.

Како што е објавено на фејсбук-профилот на АТТП, директорката на Агенцијата Билјана Стефаноска во Истанбул остварила средба со членови на Управниот одбор на ТУРСАБ, при што било договорено информативно патување на турски тур-оператори на земјава.

Инаку, турските туристи последиве години се меѓу најбројните гости од странство што ја посетиле Македонија. Во првите седум месеци на оваа година бројот туристи од Турција надмина сто илјади, што секако е дополнителен мотив за засилени промотивни активности на саемот во Истанбул.

Проекцијата за следната година е зголемување на турските посетители на Балканот за 40 проценти.

Турските туристи најчесто ја посетуваат Македонија како дел од кружни патувања, при што најпосетени се Скопје, Битола, Охрид со акцент на културниот туризам. За нивниот интерес за патување во Македонија секако влијаат и традиционално добрите врски и блискоста со македонскиот народ. аб/са/

Фото: АППТ

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан