• петок, 22 ноември 2024

Тупанчески во Oсло, размена на искуствата со Норвешка за АКМИС системот

Тупанчески во Oсло, размена на искуствата со Норвешка за АКМИС системот
Скопје, 6 октомври 2022 (МИА) - Министерот за правда Никола Тупанчевски е во посета на норвешкото правосудство во Осло.
Во објава на Фејсбук, Министерството за правда информира дека оваа посета е во рамки на имплементирање на Оперативниот план на Владата што е донесен на предлог на Министерството за правда, а е изготвен од ИКТ советот на МП во однос на унапредување и надградување на системот во судовите.
Во Осло се присутни и претставници од Советот за координација на ИКТ во судството, Судскиот совет и Врховниот суд. Претставниците од нашата држава имаа можност да извршат увид во организацијата и финансирањето на ИТ услугите на долг рок. Беше презентиран норвешкиот модел , а се посетија и правосудните институции, велат од Министерството. ки/дма/

Остани поврзан