Тркалезна маса „Фокус на дијабетичната ретинопатија и дијабетичен макуларен едем кај пациентите со дијабетес”
- „Фокус на дијабетичната ретинопатија и дијабетичен макуларен едем кај пациентите со дијабетес” е насловена тркалезната маса што ќе се одржи денеска организирана од Сојузот на здруженија на дијабетес.
Скопје, 6 јуни 2024 (МИА) - „Фокус на дијабетичната ретинопатија и дијабетичен макуларен едем кај пациентите со дијабетес” е насловена тркалезната маса што ќе се одржи денеска организирана од Сојузот на здруженија на дијабетес.
На тркалезната маса, како што најавија од Сојузот на здруженија на дијабетес, ќе бидат прикажани резултати од испитување кое го спровеле, а се однесува на дијабетот и компликациите кои го следат. Истражувањето било спроведено со цел подобро разбирање на компликациите предизвикани од него и да изградиме став како подобро да се соочиме со нив.
- Ова е одлична прилика за сите нас заеднички да поразговараме, да го слушнеме Вашето мислење особено во насока на дефинирање на приоритетите во правец на разбирање на потребата за откривање, следење и лекување на дијабетичната ретинопатија со дијабетичен макуларен едем, како компликација на дијабетесот со која се соочува матичниот лекар, ендокринологот и офталмологот во нашиот здравствен систем, се додава во соопштението.
СЗДСМ е граѓанска организација чија мисија е создавање дијабетес култура кај сите наши партнери со цел овозможување на континуиран пристап до најсовремена терапија за сите лица со дијабетес и градење модерни здравствени закони и општествено-социјалните стандарди за овозможување еднаков третман на лицата со дијабетес, во соработка со своите стратешки партнери и надлежни институции во Македонија. СЗДСМ е водечка организација која ги застапува и претставува интересите на здруженијата на лицата со дијабетес. Организцијата влијае врз подобрување на легислативата, здравствените и општествено-социјалните стандарди на истите, како и за еднаков третман на лицата со дијабетес во Северна Македонија. цр/мд/
Фото: принтскрин