Триумф на Силекс во Кавадарци
- Екипата на Силекс ја оствари 12.та победа во шампионатот откако попладнево го совлада Тиквеш како гостин со 1:0
Кавадарци, 1.март 2026 (МИА) – Екипата на Силекс ја оствари 12.та победа во шампионатот откако попладнево го совлада Тиквеш како гостин со 1:0. Стрелец на единствениот гол во 62.минута беше Пиреш. Ова за него беше осми гол во првенството. Тимот од Кратово со новите три бодови ја намали разликата во однос на третопласираната екипа на Струга.
На вториот натпревар од 20.коло одигран денеска во Гостивар, Арсими и Македонија ЃП одиграа без победник 1:1. Гостите поведоа во 35.минута, а три минути подоцна беше поставен конечниот резултат.
На претходно одиграните дуели од оваа рунда: Струга – Вардар 1:1, Работнички – Шкупи 3:0 и Башкими – Брера 0:2.
Колото ќе биде комплетирано со утрешниот натпревар меѓу Шкендија Тетово и Пелистер што почнува во 14 часот.
Табела: Вардар 52 бода, Шкендија 45, Струга 43, Силекс 38, Арсими 26, Брера 26, Башкими 26, Тиквеш 24, Македонија ЃП 20, Пелистер 20, Работнички 13, Шкупи 1. мн/
Фото: ФФМ