• недела, 22 декември 2024

Трипуновски: Нудиме брзо решение за спорните договори за земјоделското земјиште

Трипуновски: Нудиме брзо решение за спорните договори за земјоделското земјиште

Скопје, 5 март 2024

Само и единствено заради решавање на егзистенцијалната судбина на повеќе од 200 земјоделски семејства кои ја потпираат својата економија на субвенциите, следејќи ја состојбата со поднесените барања за продолжување на закупот на земјоделското земјиште, предлагам конкретни решенија за брзо и едноставно надминување на состојбата.

Во име на вистината, до денес, во Собранието, има доставено два предлога кои се однесуваат на измени на Законот за земјоделското земјиште и двата предлога не го решаваат настанатиот проблем и се однесуваат за уредување на сосема друга материја.  

Затоа што сум длабоко убеден дека креаторот на проблемот не може да биде и дел од неговото решение, нудам полесно и побрзо решение за проблемот на земјоделците. За надминување на ситуацијата предлагам две решенија:

Владата да донесе одлука за давање на согласност за склучување на договор за закуп на земјоделско земјиште со непосредна спогодба (согласно член 39 од Закон за земјоделското земјиште), по поднесени барања за започнување на постапка од земјоделци во законски предвидениот рок за продолжување на договорите, а врз основа на претходно обезбедено мислење од страна на Државната комисија за спречување на корупција што и било пракса во минатото (Мислење од ДКСК бр. 12-262/2 од 25.01.2016) и
Измена на Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2024 година со која ќе се утврди дополнителен рок за поднесување на апликација за директни плаќања на оваа категорија земјоделци кои побарале во законски предвидениот рок да им се регулира правото на користење на земјоделско земјиште врз основа на веќе постоечки договор за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост. 

Иако министерот во минатото, немал законски пречки за склучување на предметните договори, за кои барањата за продолжување на закупот биле доставени пред донесување на одлуката за распишување на изборите, тој не делувал навремено, па денес е создаден сериозен проблем, за кој овие два предлога се единственото конструктивно и брзо решение за остварување на правото за субвенции во 2024 година за оваа категорија на земјоделци.

линк до facebook објавата:

https://www.facebook.com/tripunovskicvetan/posts/pfbid025HYv3myY88dviQT4DA7oCBFpFFYXPp8wEAK2XivQRxtnSidV8jXoPJrTrLYEecYLl

 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 
 

 

 

Остани поврзан