• понеделник, 23 декември 2024

Триесет прекршувања на забраната за движење, 494 санкции за неносење маска

Триесет прекршувања на забраната за движење, 494 санкции за неносење маска
Скопје, 17 април 2021 (МИА) - Од 20.00 часот (16.04.2021) до 05.00 часот (17.04.2021) констатирано е дека 30 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие, пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 494 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид-19. ац/ 

Остани поврзан