• понеделник, 23 декември 2024

Трет случај на коронавирус во Словенија

Трет случај на коронавирус во Словенија
Љубљана, 5 март 2020 (МИА) - Здравствените власти во Словенија соопштија дека е потврден и третиот случај на лице заразено со новиот коронавирус, јави дописникот на МИА од Љубљана. Станува збор за маж кој бил во близок контакт со првозаразениот. Заедно биле на патување во Мароко, а преку Италија заедно се вратиле во Словенија. Според лекарите на инфективната клиника при Универзитетскиот клинички центар во Љубљана, пациентот засега е во добра состојба и нема клинички знаци на болеста. Сите оние кои изминативе денови биле во контакт со заразените се веќе изолирани. Бидејќи лицето од Италија до Словенија престигнало со автобус, 19 луѓе кои биле патници во истиот автобус се јавиле за проверка дали се заразени со Ковид-19. До синоќа Словенија беше една од ретките држави во регионот каде што немаше потврден случај на коронавирус. ав/гт/

Остани поврзан