• среда, 03 јули 2024

Трета титула во низа за Реал во шпанскиот Суперкуп

Трета титула во низа за Реал во шпанскиот Суперкуп
Мадрид, 13 септември 2020 (МИА) – Кошаркарите на Реал вечерва во Мадрид ја победија Барселона со 72:67 (18:14, 13:18, 19:17, 22:18) во Суперкупот на Шпанија. Факундо Кампацо  со 21 поен му помогна на Реал Мадрид да ја освои третата последователна и вкупно седма титула во ова натпреварување. Барселона остана на шест трофеи. Кај каталонскиот клуб најефикасен беше Никола Миротиќ со 22 поена. зс/

Остани поврзан