• среда, 25 декември 2024

Тренинг-сесиите во Формула 1 ќе се намалат на 60 минути во 2021 година

Тренинг-сесиите во Формула 1 ќе се намалат на 60 минути во 2021 година
Лондон, 30 декември 2020 (МИА) – Во Формула 1 почнувајќи од сезоната 2021 година, ќе се применат промени во спортската регулатива, пренесува „Моторспорт вик“. Според изворот, од новата година пред „Гран при“ ќе има три сесии на трки. Секој ќе трае 60 минути. Така, првата и втората квалификациска сесија, кои се одржуваат секој петок, ќе се намалат од 90 на 60 минути. Исто така е соопштено дека некои од 23-те „Гран при“ на сезоната 2021 година може да се одржат во дводневен формат со еден тренинг. Официјализирање на овие промени се очекуваат во скоро време. зс/

Остани поврзан