• понеделник, 23 декември 2024

Трамп: Не сакав да предизвикам, туку да ја запрам војната

Трамп: Не сакав да предизвикам, туку да ја запрам војната
Вашингтон, 4 јануари 2020 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани не е изведено со цел да се предизвика конфликт со Иран, туку да се прекине војната. - Ние презедовме акција за да ја запреме војната, не го сторивме тоа за да започнеме војна, рече Трамп вчера на Флорида, во првото обраќање пред новинарите по убиството на Сулејмани. Тој додаде дека не бара промена на режимот во Иран, но дека земјата мора веднаш да престане со употреба на борци од други држави за да ги дестабилизира соседите. Трамп истакна дека се утврдени целите на можната одмазда на Иран и дека тој е подготвен да преземе какви било неопходни активности. Американскиот претседател претходно изјави дека Сулејмани убил и ранил илјадници Американци за подолг временски период и планирал да продолжи со тоа. Трамп на Твитер напиша дека „Иран никогаш не добил војна, но никогаш не изгубил на преговори“. Само неколку минути пред соопштението на американските официјалните институции за нападот врз Сулејмани на Твитер објави слика од американското знаме, без притоа да даде коментар. Сулејмани, командантот на иранската елитна единица Кудс, беше убиен во американски воздушен напад во близина на меѓународниот аеродром во Багдад. паг/

Остани поврзан