• среда, 27 ноември 2024

Трамп нема да носи заштитна маска и покрај здравствените препораки

Трамп нема да носи заштитна маска и покрај здравствените препораки
Вашингтон, 4 април 2020 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да носи заштитна маска и покрај новата здравствена препорака до Американците дека треба тоа да го направат. Како што пренесува Би Би Си, Трамп истакнал дека не може да се замисли себеси како поздравува претседатели, премиери, диктатори, кралеви и кралици во Овалниот кабинет додека носи маска. Тој нагласи дека придржувањето кон препораката за носење заштитна маска, издадена вчера, е „доброволно“. - Не морате тоа да го правите. Не мислам дека и јас тоа ќе го направам, изјави Трамп. Препораките кои ги издадоа центрите за контрола и превенција на болести, кои се владини советодавни агенции за јавно здравство, доаѓаат откако во САД се потврдени 270.473 заразени случаи со Ковид-19 и речиси 7.000 починати. гт/

Остани поврзан