• петок, 22 ноември 2024

Тошковски: Две лица се приведени за убиството на лекарот во Железара

Тошковски: Две лица се приведени за убиството на лекарот во Железара

Скопје, 27 март 2024 (МИА) - Две лица се приведени во врска со убиството на лекарот во скопската населба Железара, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

- Се врши претрес на одредена локација. Имаме осомничени луѓе за убиството, има одредени материјални траги кои не водат до овие осомничени. Две лица се приведени и се надевам дека во најкратко можно време ќе можеме да излеземе со детали за овој дел од истражните дејствија, изјави Тошковски, во готување во поткастот „Претрес“.

Тој посочи дека се преземени 20 истражи дејствија и дека се прегледани над 50 камери и  видео записи. Според првичните наоди, мотивот за убиството не е поврзан со професијата на убиениот.

Шеесет и седумгодишен лекар минатата недела беше пронајден избоден до смрт во неговиот автомобил паркиран во парк во близина на поранешната фабрика „Железара“.

Лекарот имал приватна ординација во поликлиниката „Железара“.са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан