• вторник, 24 декември 2024

Тошковски го посети граничниот премин Табановце

Тошковски го посети граничниот премин Табановце

Скопје, 14 февруари 2024 (МИА) - Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посетил граничниот премин Табановце каде на лице место ја утврдил фактичката состојба поврзана со преминувањето на границата на возила и патници кон соседна Србија, соопштија од МВР.

Од страна на раководните полициски службеници на граничниот премин, се наведува во соопштението, Тошковски бил известен дека сѐ се одвива во најдобар ред согласно утврдените правила и дека граѓаните без проблем можат да остварат излез од државата кон Србија и со оние лични карти кои се со името “Република Македонија“, но се важечки според датумот на важност испишан на нив.

Од страна на министерот Тошковски било потенцирано она што во изминатите денови го соопштивме како министерство, се додава во соопштението, а тоа е правото на граѓаните доколку бидат спречени да остварат излез, да добијат писмено образложение со причините за истото.

- Исто така, министерот кратко ги поздрави и одговорните полициски службеници од српската гранична полиција кои потврдија дека преминот на македонските граѓани се одвива непречено и во таа насока се заблагодари за одличната соработка која ја имаме како министерства, соопштија од МВР. цр/aa/

Фото: МВР

 

 

 

Остани поврзан