• понеделник, 23 декември 2024

Тошковски во посета на отсекот за персонализација на лични документи

Тошковски во посета на отсекот за персонализација на лични документи

Скопје, 6 февруари 2024 (МИА) - Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски денешниот работен ден го започна со посета на Отсекот за персонализација на лични документи во рамките на Оддел за информатика и телекомуникации на МВР каде се изработуваат личните документи.

Како што информираат од МВР, од страна на раководството и вработените во оваа организациска единица Тошковски беше запознаен со комплетниот процес на изработка на личните документи и се разговараше за преземање на определени мерки и активности насочени кон подобрување на овој процес и зголемување на капацитетот на изработка и испорака на документите.

-Министерот Тошковски изразува благодарност кон овие луѓе кои и покрај тоа што секојдневно се соочуваат со разни проблеми, навистина вложуваат максимални напори за овој процес да тече непрекинато и со максимален капацитет, се вели во денешното соопштение од Министерството за внатрешни работи. сст/са/

Фото: МВР

Остани поврзан