• недела, 22 декември 2024

Тотенхем ги потврди лошите вести за Хари Кејн

Тотенхем ги потврди лошите вести за Хари Кејн
Лондон, 3 јануари 2019 (МИА) - Тотенхем потврди дека напаѓачот на клубот Хари Кејн ќе биде аут од теренот на неодредено време. Напаѓачот на тимот се повреди за време на дуелот на Спарси против Саутемптон во средата, напуштајќи го теренот на околу 15 минути пред крајот на мечот. „Петлите“ објавија дека напаѓачот сигурно го пропушта судирот на екипата против Мидлзборо за ФА Купот. Претходно денес, менаџерот на тимот, Жозе Мурињо на прес-конференција пред состанокот објави дека очекува лоши вести поврзани со физичкото здравје на неговиот фудбалер. Напаѓачот има 17 гола и 2 асистенции на 25 одиграни натпревари оваа сезона и неговото отсуство ќе биде голем проблем за Тотенхем. Враќањето од казна на Хјун-Мин Сон е, до одреден степен, добра вест за Мурињо, со тоа што Кореецот ќе може да игра на врвот на нападот во отсуство на Кејн, бидејќи лондонскиот тим нема друг централен напаѓач за замена на Англичанецот. Отсуството на Хари Кејн доаѓа во прилично непријатно време за Тотенхем, при што тимот го пречекува лидерот Ливерпул во нивниот следен натпревар во Премиер лигата и е домаќин на шампионот Манчестер Сити на почетокот од следниот месец.

Остани поврзан