• среда, 03 јули 2024

Торонто го менува Гасол со главен играч на Л.А. Клиперс

Торонто го менува Гасол со главен играч на Л.А. Клиперс
Лос Анџелес, 17 септември 2020 (МИА) - Промените во Лос Анџелес Клиперс изгледаат неизбежни, и тие би можеле да започнат со заминувањето на крилниот напаѓач Монтрез Харел. 26-годишниот кошаркар има договор што истекува, а главен претендент за неговиот потпис е актуелниот шампион Торонто Репторс, изјавија извори за „Легион Хупс“. Во последните часови, Харел почна да госледи официјалниот профил на канадскиот тим на Инстаграм, а друга причина за потврда на оваа шпекулација е дека центарот на Репторс, Марк Гасол има намера да го напушти тимот и да се врати во Европа. Редовната сезона Харел ја заврши како трет стрелец на Клиперси со просек од 18,6 поени по натпревар, но во плејофот тој значително го спушти нивото и постигна само 10,5 поени на краткиот поход на неговиот тим. Тој ја доби наградата „Шести играч на годината“, која се доделува на најдобрата резерва во Лигата.

Тагови

Остани поврзан