• вторник, 17 декември 2024

Томас-Гринфилд: Советот за безбедност на ОН ќе изврши силен притисок врз Русија

Томас-Гринфилд: Советот за безбедност на ОН ќе изврши силен притисок врз Русија
Њујорк, 30 јануари 2022 (МИА) - Амбасадорката на САД во ОН, Линда Томас-Гринфилд денеска изјави дека Советот за безбедност на ОН ќе изврши силен притисок врз Русија на седницата што ќе се одржи утре, на која ќе се расправа за акумулацијата на руски војници во близина на границата со Украина и за зголемениот страв дека Москва планира да ја нападне земјата. - Ние сме обединети во повикот кон Русија да објасни што прави. Ќе влеземе во просторијата подготвени да ги слушнеме, но нема да дозволиме да не вознемири нивната пропаганда, истакна Томас-Гринфилд во емисијата „Оваа недела“ на Еј Би Си. Американските медиуми наведуваат дека не се очекува усвојување на каква било формална акција на Советот за безбедност на ОН, имајќи предвид дека Русија има право на вето и имајќи ги предвид нејзините врски со членките на Советот за безбедност, вклучително и Кина. гт/

Остани поврзан