• недела, 22 декември 2024

Тозиевски: Централната власт активно работи против Ресен и заштитата на Преспанското езеро

Тозиевски: Централната власт активно работи против Ресен и заштитата на Преспанското езеро
Скопје, 27 ноември 2022  И покрај наследената блокирана општинска сметка, со сопствени средства и добро менаџирање на општинскиот буџет, успеавме да реализираме голем број на проекти за нашите жители, изјави градоначалникот на Општина Ресен Јован Тозиевски на регионалната средба на градоначалниците од Пелагонискиот регион. - Во состојба со блокирана сметка и со пониски приходи во однос на некои други општини, успеавме да се справиме со кризната година со добро менаџирање на буџетските средства. Минатава година успеавме со наши општински средства да реализираме многу проекти. Асфалтираме 21 улица, за кои издвоивме 20 милиони денари средства од нашиот буџет, успеавме да реновираме дел од градинката, ги зголемивме социјалните трансфери за прво родено дете, за првпат во историјата на Општина Ресен финансиски ги помогнавме и првачињата – кажа градоначалникот Тозиевски. Тој се осврна на користењето на европските фондови од страна на општината, пред се во делот на прекуграничната соработка, каде годинава се реализирани два големи проекти во вредност од по 8,5 милиони денари, со кои се предвидени поставување на фотоволтаична централа на општинската зграда, како и набавка на две електрични возила, од кое едно ќе биде пуштено во употреба за реализација на училишниот превоз. - Општина Ресен работи и на огромен европски проект „ЕУ за Преспа“ кој е во вредност од 23 милиони евра, каде најголема задача за нас е обезбедување на планската документација. Со овој проект се предвидени 7 нови пречестителни станици и влегување на сите села во крајбрежјето на Преспанското езеро во канализационен систем, управување со цврстиот отпад, нови водоводни линии и други проекти поврзани со спас за езерото – додаде Тозиевски. Тој на регионалната средба ја потенцираше несоработката со централната власт оваа измината година, како и непринципиелните методи со кои тие, само за пресметка која е од политичка природа, го загрозуваат развојот на регионот и го загрозуваат самото Преспанско езеро. - Веќе по трет пат се соочуваме со непринципиелен обид да ни ги одземат средствата од наменската сметка, кои се во износ од околу 84 милиони денари доделени од централниот буџет а се наменети за спас на Преспанското езеро. Веќе трети пат државата се обидува да ни ги повлече средствата, покрај тоа што истата сума ја има во Општина Дојран, сакаат за пречистителната станица во оваа општина да ги одземат и дадат средствата и од нашата општина. Тука јасно се гледа дека е политичка игра во прашање и жалам што некој гледаат политика во Преспанското езеро, кое е многу постаро од политичарите и политиката – изјави тој. Од аспект за справувањето со последиците со енергетската криза, градоначалникот на Ресен изјави дека работат на заштеда на електрична енергија, а на објектот на општинската зграда се монтирани фотоволтаична централа, а се работи на изработка на проектни документации за поставување и на детската градинка и останатите училишта и објекти кои се во надлежност на локалната самоуправа. Од аспект на сметките за уличното осветлување, Општина Ресен е обврзана преку јавно приватно партнерство, но проблем се високите сметки за препумпните пумпи за водоснабдување, кои се зголемени неколкукратно а државата нема никаков слух на барањата и апелите на општините. Регионалната средба на општините од Пелагонискиот регион се одржа во Битола и истата беше организирана од страна на Комисијата за локална, Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт, Комисијата за енергетика и Комисијата за финансии при ВМРО-ДПМНЕ. Јован Тозиевски, градоначалник на општина Ресен, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан