• недела, 17 ноември 2024

Тијаго нема да игра до крајот на сезоната во Бундеслигата

Тијаго нема да игра до крајот на сезоната во Бундеслигата
Минхен, 12 јуни 2020 (МИА) - Баерн (Минхен) нема да се потпира на Тијаго Алкантара до крајот на сезоната, потврди тренерот на германскиот шампион Ханси Флик. Фудбалерот од средниот ред, кој изминативе неколку недели беше надвор од акција, поради проблеми со адукторот, се подложи на операција. - Тој ќе биде надвор од игра по операцијата. Тој реши да го стори тоа сега. Тој има мали шанси да се врати во финалето на Купот на Германија, рече Флик. Сезоната во Бундеслигата завршува на 27 јуни. Решавачкиот натпревар, по кој ќе биде објавен победникот на националниот куп, е на 4 јули. Во него, Баерн се соочува со Баер (Леверкузен). Натпреварите во Лигата на шампионите се очекува да се одиграат во август, а тогаш Алкантара ќе биде на располагање на Баерн. Играчот од средниот ред не е единствениот кој недостасува за Баварците. Напаѓачите Роберт Левандовски и Томас Милер се казнети, но крилниот играч Серж Гнабри може да се врати за тимот, откако лечеше повреда на грбот. Баерн може да стане шампион при домашната победа над Борусија (Менхенгладбах) во сабота и при пораз на гостувањето на Борусија Дортмунд против Фортуна (Дизелдорф).

Тагови

Остани поврзан