• понеделник, 23 декември 2024

Тихановскаја повика на протести ако Лукашенко не поднесе оставка

Тихановскаја повика на протести ако Лукашенко не поднесе оставка
Вилнус, 13 октомври 2020 (МИА) - Белоруската опозиционерка Светлана Тихановскаја најави денеска дека ќе повика на штрајкови низ Белорусија, доколку претседателот Александар Лукашенко не поднесе оставка, не го спречи насилството и не ги ослободи политичките затвореници до 25 октомври. - Доколку нашите барања не се исполнат до 25 октомври, тогаш целата земја ќе биде на улица, нагласи Тихановскаја во соопштението од Вилнус, каде избега непосредно по изборите кои се одржаа на 9 август. Како што најави, на 26 октомври сите компании ќе започнат штрајк, сите патишта ќе бидат блокирани и сите државни продавници ќе бидат затворени. Тихановскаја еден ден по одржаните претседателски избори, на кои како противкандидат на Лукашенко освои околу 10 отсто од гласовите, избега во Литванија, од каде често и се обраќа на јавноста. гт/

Остани поврзан