• среда, 06 ноември 2024

ТИРЗ реакција: Штетен предлогот на ВМРО - ДПМНЕ за кратење на капиталните инвестиции

ТИРЗ реакција: Штетен предлогот на ВМРО - ДПМНЕ за кратење на капиталните инвестиции
Скопје, 26 септември 2022

​​​​​Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони го смета за штетен предлогот на потпретседателот на ВМРО - ДПМНЕ Александар Николовски за кратење на капитални инвестиции. Особено што овој предлог доаѓа во време на зголемена потреба од поддршка за економијата, а токму капиталните инвестиции се важен инструмент за ваква поддршка.

Во интерес на објективно информирање на јавноста, реагираме и паушалните тврдења изнесени од истиот функционер во однос на работењето на ТИРЗ.

Имено, само во ТИРЗ, во изминатите неполни две години беа започнати и завршени капитални инвестиции во вредност над 1,2 милијарди денари, што е значително повеќе од годишниот просек од 300 милиони денари до 2020 година. Ова е примарен доказ дека партискиот став на Николовски е паушален и не соодветсвува со реалноста. Иналу, овие средства се наменети за изградба и унпредување на основната инфраструктура ТИРЗ Скопје 1 и 2, во Штип, Струга, Прилеп и Струмица, како и во ИЗ Косел (Охрид). Со овие 1,2 милијарди денари се гради надвозник што функционално ќе ги поврзе зоните Скопје 1 и Скопје 2, а во останатите проекти се реализира изведба на улици, изведба на водоводи, канализација, осветлување, енергетски приклучоци, како и изградба на објекти во функција на инвеститорите. Напоменуваме дека сите овие зони се оперативни односно во нив работат еден или повеќе индустриски капацитети.

Засиленото вложување во современа инфраструктура е дел од новиот концепт на работа на ТИРЗ, каде значајно место има и стабилноста и безбедноста постигната со залченувањето во НАТО. Така, само во изминатите неполни 2 години постигнати се договори за инвестиции од над 620 милиони евра, што е еднакво на целокупниот 11-годишен учинок на овој план во периодот до 2016 година. Во неполни две години регистрирани се и над 2.500 нови работни места и раст на платите над просекот во економијата. Во моментот, во ТИРЗ работат 15.500 лица, што е 2,5 пати повеќе од бројот на вработени до 2016 година, што е елементарен доказ за успешноста на проектите во рамките на ТИРЗ.

Само во 2021, компаниите што ги користат нашите услуги уплатиле во Буџетот над 2 милијарди денари по основ на придонеси и персонален данок.

Имајќи ги предвид овие резултати, како и неспорните ефекти на поддршка на економијата преку капитални инвестиции, сметаме дека предлогот на политичката партија ВМРО ДПМНЕ за кратење на капиталните инвестиции е нелогичен и целосно во спротивност со интересот на економијата и граѓаните кои во време на оваа економска криза очекуваат повеќе вработувања со повисоки плати.

Истовремено, очекуваме политичката партија ВМРО-ДПМНЕ да престане да се однесува како „сопственик“ на странските инвестиции или Дирекцијата на ТИРЗ. Институциите не се ниту на СДСМ, ниту на ДПМНЕ, ДУИ или која било политичка партија. Институциите се на граѓаните и платени со парите од даноците од компаниите и им се враќаат на граѓаните. 

Повеќе информации на www.fez.gov.mk

 

​​​​​Дирекција за технолошко индустриски развојни зони

___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан