Техномаркет денес со големи попусти го отвори својот нов продажен салон во Скопје - Капитол Мол
Со специјални попусти на производи од најпознатите светски брендови за техника денес се отвори новиот дваесет и прв салон на Техномаркет во Капитол мол на третиот кат. Во согласност со ситуацијата, запазувајќи ги ковид протоколите свечено беше означен почетокот на работа на најновиот салон на Техномаркет кој се простира на 560м2 и во кој купувачите по супер атрактивни цени ќе можат да ги најдат најновите модели на бела техника, мали апарати за домаќинство, телефони или ИТ техника. Почетокот беше означен со музиката на Диџеј Дела и беа приредени многу изненадувања за сите потрошувачи.
- Среќни сме што денес го отвораме седмиот продажен објект во Скопје, со што вкупната бројка на салони во земјава се зголеми на 21. Салонот е современо и модерно опремен според светски стандарди. Ние се грижиме за нашите потрошувачи, и сакаме да му овозможиме секому да пронајде кај нас нешто за себе или за својот дом, така што од денес па се до петок посетителите ќе имаат можност по специјални промотивни цени да купуваат во овој салон, да го опремат домот или работното место, да ги израдуваат најблиските или себеси, се до потрошување на предвидените количини. Со ова сакаме да им покажеме на потрошувачите и соработниците дека нам ни е важна искрената соработка, меѓусебната доверба, и тие ни се поттик и мотив да растеме заедно. Ги покануваме сите кои сакаат да се подноват со нови апарати тоа да го сторат овде, и тоа по одлични цени на белата техника, телевизорите, апаратите за домаќинства и уште многу други производи, истакнуваат од Техномаркет.
Техномаркет во овој маркет ќе им овозможи на сите потрошувачи поинакво шопинг искуство и уживање во пазарувањето.
Освен овој салон, Техномаркет има уште шест други во главниот град, како и два салони во Битола, потоа Велес, Гостивар, Куманово, Прилеп, Кочани, Охрид, Струмица, Струга , Штип, Гевгелија, Кавадарци и Тетово.
МИА - ОТС Комерцијални соопштенија Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.