• понеделник, 23 декември 2024

Теохарис: Сликата на Грција е подобрена, но треба да се запре зголемувањето на нови случаи

Теохарис: Сликата на Грција е подобрена, но треба да се запре зголемувањето на нови случаи
Атина, 12 јули 2021 (МИА) – Сликата на земјата е подобрена, но треба да се концентрираме на квалитетот, да ги запреме новите случаи, да ја задржиме оваа позитивна слика за да дојдат туристите, рече министерот за туризам на Грција Харис Теохарис во интервјуто за грчката телевизија „Антена“, јави дописничката на МИА од Атина. За зголемувањето на новозаразените, Теохарис истакна дека доколку е потребно, ќе бидат преземени сите неопходни мерки за да се избегне, другите земји, да воведат рестрикции и карантин по враќањето од Грција. -Во секој случај, зголемувањето на новите случаи е процес што треба одблиску да се следи. Оваа година е динамична, на секои два дена одржуваме состаноци за да ги следиме бројките и она што се случува. Ќе ги преземеме сите мерки што се потребни, треба да го кажеме тоа, бидејќи не сакаме земјите, една по друга да нè ставаат во карантини, во портокалови, црвени категории, објасни Теохарис. Во однос на процените за сезоната, министерот за туризам на Грција, избегна да излезе со конкретни предвидувања, но истакна дека засега, ситуацијата е добра и откри дека во првите десет дена од јули, авионскиот сообраќај на регионалните аеродроми бил 55 до 60 отсто во споредба со 2019 година, а на атинскиот достигнал до 65 проценти од оној пред две години. ср/

Остани поврзан