• вторник, 03 декември 2024

Телефонски разговор Фидан – Блинкен

Телефонски разговор Фидан – Блинкен

Анкара, 1 декември 2024 (МИА) – Шефот на турската дипломатија Хакан Фидан денеска телефонски разговараше со американскиот државен секретар Ентони Блинкен за ситуацијата во Сирија.

Фидан истакна дека Анкара е против развојот на настаните со кои се зголемува нестабилноста во регионот.

Тој, исто така, наведе дека политичкиот процес помеѓу режимот и опозицијата мора да заврши за да се воспостави мир и просперитет во Сирија. Фидан потенцира дека нема да дозволи терористички активности против Турција и сириските цивили.

Фидан и Блинкен разговараа и за ситуацијата во Појасот Газа, во Либан, во Украина и во Јужен Кавказ. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан