• вторник, 24 декември 2024

Телефонски разговор на Димитров со советник на државниот секретар на САД Блинкен: Преспанскиот договор е појдовна точка за позитивни промени

Телефонски разговор на Димитров со советник на државниот секретар на САД Блинкен: Преспанскиот договор е појдовна точка за позитивни промени
Скопје, 6 април 2021 (МИА) - Со потпишувањето на Преспанскиот договор се затвори едно од најгорливите прашања во регионот, истакна денеска вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во телефонскиот разговор со Дерек Шоле, посебен советник на државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, кој на ниво на потсекретар е надлежен за важни прашања од надворешната политика. Во разговорот, кој е на барање на Стејт Депарменот, и двајцата се согласиле дека неговиот успех е потврда не само за одлучноста и визијата на Северна Македонија, туку е и појдовна точка за позитивни промени и менување на перцепциите за земјите од Западниот Балкан. Исто така, беше констатирано дека постигнувањата кои следеа по Договорот, како што е членството во НАТО, треба да се надоградат и со реализација на втората стратешка цел – преговори за членство со Европската Унија. Како што соопшти владината прес-служба, фокусот на разговорот беше и на тековните случувања поврзани со европската интеграција на Северна Македонија, како и можните чекори за откочување на процесот. -Од американска страна беше потврдена поддршката за евроинтеграциите, со порака дека земјата треба да го задржи реформскиот курс, за што САД останува искрен и посветен партнер. Шоле се согласи со позицијата на Димитров дека е крајно време да се одржи првата меѓувладина конференција, се наведува во владиното соопштение. Посебниот советник Шоле честиташе за годишнината од пристапувањето во НАТО, упатувајќи искрени честитки како за земјата, така и за личениот удел на Димитров во реализацијата на ова постигнување. -Соговорниците ја реафирмираа заложбата за продлабочување на партнерската соработка меѓу двете земји заснована на заедничките цели, интереси и вредности, се вели во соопштението на Владата.бт/вј/

Остани поврзан