• понеделник, 23 декември 2024

Твитер се согласил да плати 150 милиони долари поради проблем со заштита на личните податоци

Твитер се согласил да плати 150 милиони долари поради проблем со заштита на личните податоци
Сан Франциско, 26 мај 2022 (МИА) - Твитер се согласил да плати казна од 150 милиони долари, да реши тужба, поврзана со заштита на личните податоци, соопшти американското Министерство за правда. Владата на САД ја обвинува социјалната платформа дека ги прекршила одредбите на Федералната трговска комисија, со тоа што ги доведувала своите корисници во заблуда за степенот до кој ги заштитила нејавните информации, поврзани со нивните лични податоци. Во жалбата, поднесена вчера во судот во Калифорнија, се тврди оти Твитер ги известил корисниците за собирање лични податоци - број на телефони и мејл адреси, за да ја гарантира безбедноста на нивните профили, но, не ги информирал дека овие податоци ќе се користат и за таргетирани реклами. Станува збор за перид од мај 2013 до септември 2019 година. Се тврди и дека Твитер лажел за придржување до принципите за заштита на приватноста, договорени меѓу САД и ЕУ, како и САД и Швајцарија, забранувајќи им на компаниите да обработуваат информации за потрошувачите на начин, на кој тие не се согласиле. Нелегалното практикување на Твитер погоди повеќе од 140 милиони корисници и на компанијата и донесе многу големи приходи. бд/зш/

Остани поврзан