• понеделник, 23 декември 2024

Твитер и Фејсбук ги ограничуваат вестите за Русија

Твитер и Фејсбук ги ограничуваат вестите за Русија
Њујорк, 1 март 2022 (МИА) - Компанијата Мета, сопственик на Фејсбук, и Твитер го ограничуваат присуството на вести од руски државни информативни изданија на нивните платформи. Ограничени се само медиумите, обвинети за ширење дезинформации во врска со инвазијата на Москва врз Украина. Технолошките платформи станаа дополнителен фронт за меѓународен напад, како и на големиот број лажни вести. Мета соопшти дека ќе го ограничи пристапот до РТ и Спутник во Европската унија, кои западните земји ги обвинуваат дека се гласноговорници на Кремљ и ја оправдуваат војна во Украина. Само неколку часа претходно, Твитер соопшти дека ќе објавува предупредувања во твитови кои споделуваат линкови до руските државни медиуми. Твитер и Фејсбук беа погодени од ограничувањата за пристап во Русија, така што таму се целосно „неупотребливи“. Европската унија во неделата објави забрана за емитување на РТ и Спутник во земјите од Унијата. Според претседателката на ЕУ, Урсула фон дер Лајен, овие медиуми „повеќе нема да можат да ги шират своите лаги за да ја оправдаат војната на претседателот Владимир Путин“. гт/

Остани поврзан