• петок, 22 ноември 2024

Твитер го предупреди Трамп поради „заканувачки твит“

Твитер го предупреди Трамп поради „заканувачки твит“
Вашингтон, 24 јуни 2020 (МИА) - Твитер упати предупредување поради твитот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој им се закани на демонстрантите во главниот град Вашингтон со употреба на „сериозна сила“, кршејќи ја на тој начин политиката на компанијата во борбата против насилство. - Никогаш нема да постои „автономна зона“ во Вашингтон, се додека сум јас ваш претседател. Ако се обидат, ќе ги дочека сериозна сила!, напиша Трамп на Твитер. Компанијата соопшти дека го скрила твитот на Трамп, бидејќи во него постои закана за причинување штета кон група која може да се идентификува. Демонстрантите против расизмот во понеделникот прогласија автономна зона во близина на Белата куќа пред црквата Сент Џон. гт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан